Регистрација
 За Вашата НВО
Именици
 НВО
 Проекти
 Фондации       
MaNGO Online
 Ресурси
 Информации
 Услуги
 Луѓе                 
 Организации
 Приватност
 Контакт MaNGO
 Ваш Коментар
 English

















Вовед

MaNGO (македонски невладини организации) Online е интернет сервис од и за сите невладини организации активни во Македонија.

Сервисот ќе биде достапен на македонски и англиски јазик со цел да обезбеди адекватна поддршка како за локалните, така и за меѓународните невладини организации.


Цели
  • Да биде катализатор за растечкото ниво на разбирање на вредноста и употребата на интернет помеѓу невладините организации.
  • Да ги промовира, развива и помага невладините организации во исполнувањето на нивните организациски цели и визии.
  • Да овозможи поврзување и соработка помеѓу организациите во Македонија како и организациите и фондациите заинтересирани за Mакедонија
  • Да овозможи елементарни но сепак важни информации кои ќе го поедностават и олеснат функционирањето на невладините организации во Македонија.

Услуги

МаNGO Online ќе Ви ги обезбедува следниве услуги:

  • Именик на македонските невладини организации
  • MaNGO Email весник и билтен за невладините организации
  • MaNGO Online вести - статии за проекти и интервјуа со луѓе од заедницата на невладините организации
  • MaNGO календар кој ќе информира за настани кои се случуваат во заедницата на невладини организации во Македонија

Откако веб-сајтот ќе биде комплетиран, секоја организација ќе има можност да дополнува свои информации за активности за кои смета дека ќе бидат интересни и од пошироко значење за невладините организации во Македонија.


Основни обврски
  • MaNGO Online е и секогаш ќе биде професионален, пријателски, етички, достапен и реактивен сервис отворен за сите.
  • MaNGO Online ќе ги обезбедува овие услуги за сите големи и мали, регионални и национални, македонски и меѓународни организации.
  • MaNGO Online секогаш ќе биде отворен за креирање мрежа и партнерство со други организации кои ги споделуваат нашите цели, принципи и визии.
Пред сe, MaNGO Online е мрежа од и за сите невладини организации активни во Македонија

Ви благодариме за Вашиот интерес за МаNGO Online и доколку сакате повеќе информации, Ве молиме посетете го нашиот web сајт на www.mango.org.mk, или контактирајте нe директно - ќе ни биде задоволство да поразговараме со Вас и со Вашата организација.

Со почит, Дамиен Траск
MaNGO Online Проект Менаџер
Институт отворено општество, Македонија

Горе










Употребувај Фајрфокс!