Приватност
Авторско право
Бидејќи информациите собрани од МаNGO Online се обезбедени од
сите НВО и во интерес на сите НВО - МаNGO Online не ги
ограничува авторските права на информациите директно земени од сајтот
ниту за лична, ниту за употреба на организации.
Сепак, за користење на информациите во други околности или за повторна
употреба во други изданија, превод или адаптација за комерцијални
цели, претходно мора да се добие писмена дозвола од МаNGO Online,
и да се плати одреден надоместок.
Собрани податоци
Сите податоци собрани од МаNGO Online преку прашалници (преку писма
или преку web сајтот) или преку директни контакти со организациите,
во врска со Македонските и Интернационалните НВО ќе бидат собрани
со единствена намена да бидат јавни преку интернет и во секој сроден
формат за превземање (download) (pr. Adobe Acrobat PDF).
Лични информации
Личните информации собрани од МаNGO Online се сметаат за доверливи.
Личната информација е информација која се однесува на личноста со
препознатлив идентитет, или која лесно може да биде препознаена
преку информацијата или мислењето кое го дава.
Збирка на лични информации
Кога ќе ни испратите email:
- ќе ја зачуваме вашата email адреса
- ќе ја користиме вашата email адреса за намената поради која
сте ни ја испратиле
- нема да биде додадена на мејлинг листата, доколку не
го побарате тоа од нас
- нема да ја користиме вашата email адреса за други намени
- нема да ја затвараме без ваша согласност
Други лични информации собрани од наша страна, на пример, преку
употреба на Online формулар,
- ќе бидат собирани законски и со фер намери
- ќе бидат користени за законски намени
- ќе бидат собирани само со ваша согласност, и
- намената поради која се собираат ќе биде чиста и јасна
Податоци за посетеноста на сајтот
Кога ќе го посетите сајтот, вашата посета ќе биде регистрирана.
Податокот го регистрираме поради статистички причини. Тој ќе биде
користен од МаNGO Online како помош за да го подобруваме сајтот.
Башиот пребарувач (browser) не снабдува со следниве информации:
- сервер адресата на корисникот
- оперативен систем на корисникот (пр. Windows, MAC, итн.)
- кориснички домен (пр. .com, .gov, .mk, .de итн)
- датумот и времето на посетата на сајтот
- посетените страници и документите превземени (download)
- претходниот посетен сајт
- типот на пребарувач (browser) употребен
Нема да се обидуваме да го идентификуваме корисникот или неговите
пребарувачки активности, освен кога органот за спроведување на законот
има потреба за проверка на листата на приклучоци кај интернет провајдерот.
Кукис (Cookies)
Кукис се делови од информација што web сајтот може да ги пренесе
до хард дискот на личниот компјутер поради зачувување. Кукис можат
да ви го олеснат користењето web сајтови со зачувување на информации
за она што најмногу ве интересира кај одредени web сајтови. Информацијата
останува на вашиот компјутер и откако ќе се исклучите од интернет.
Повеќето интернет пребарувачи (browsers) се однапред подесени да
прифаќаат кукис. Доколку не сакате да примате кукис, можете да го
подесите вашиот интернет пребарувач (browser) да не прима кукис
или да ве предупреди кога се користат кукис.
Сигурност на информацијата
Вашата лична информација ќе биде објавена само доколку законот
го дозволува тоа или доколку имаме ваша дозвола. Ние овозможуваме
сигурна средина и сигурен систем, но мора да сте свесни дека составен
дел ќе биде и ризикот кој е поврзан со преносот на информации преку
интернет.
Промени на приватноста
МаNGO Online може да ја исправа оваа полиса одвреме - навреме.
Доколку направиме некои темелни промени во начинот на кој ја користиме
вашата лична информација ќе ве известиме со истакнување на забележлива
објава на нашиот сајт.
Прашања и предлози
Доколку имате прашања или предлози во врска со нашата полиса за
приватност ве молиме пополнете го Вашиот Коментар
или испратете ни email на webdesk@mango.org.mk
|