Партнери во имплементацијата
МаNGO Online подразбира и цени дека web сајтот ќе придонесе за
успех на пошироките цели (подобрување на мрежата на соработка помеѓу
НВО и луѓето во и надвор од Македонија) преки отворен и лесно достапен
развоен модел. Развоен модел кој е органски и флексибилен и кој
секогаш има можност за проширување на своето членство со цел да
нуди подобри услуги и информации потребно за НВО заедницата во Македонија.
МаNGO Online се радува на можноста за креирање мрежа и партнерство
со други организации кои ги споделуваат нашите цели и визија.
МаNGO Online е и секогаш ќе биде, многу зависен од вас, како и
од нас.
Фондација институт отворено општество Македонија
Институтот отворено општество Македонија е формирано 1992 год.
Да го промовира развојот на отвореното општество во Македонија.
Во тој правец фондацијата подржува различни програми во областа
на реформите на образованието, социјалата, правото и здравствената
заштита.
Трошоците на фондацијата за 1999 год. Изнесуваа $7,9 милиони. И
овогодинешните трошоци остануваат на слично ниво.
Институт oтворено oпштество
Македонија Бул. Јане Сандански, поштенски фах
378 Скопје 1000, Македонија Тел:(389 91) 44 44
88 Факс:(389 91) 44 44 99 email: osi@soros.org.mk web:
www.soros.org.mk
Метаморфозис - Центар за
електронско издаваштво
Групата Метаморфозис е основана во Декември 1998 год. Во
рамките на програмата за електронско издаваштво на институтот отворено
општество Македонија. Метаморфозис нуди опсег на услуги од интернет
и мултимедија работилници до консултански услуги нудејќи совети
и помош за вашиот дигитален издавачки проект.
Метаморфозис
Метаморфозис - Центар за електронско
издаваштво Ул. Наум Наумовски - Борче 88 а Скопје 1000,
Македонија Тел: (389 91) 109-325 Факс: (389 91)
225-206 email: metamorphosis@soros.org.mk web:
www.metamorphosis.org.mk
Лице за контакт: Игор Исаковски email: isakovski@blesok.com.mk
Организации кои нe подржуваат
МаNGO Online е искрено благодарен за помошта, подршката, советите,
информациите и соработката пружена од страна на следниве организации.
Доколку сметате дека вашата организација ги споделува целите на
МаNGO Online, би ни било многу драго да поразговараме со вас.
Горе
|