Информации
МаNGO Online - Преглед
Какви услуги обезбедува МаNGO Online во моментов?
Какви услуги ќе обезбедува МаNGO Online во иднина?
Зошто МаNGO се организира како web сервис?
Како МаNGO Online ќе ја обезбеди веродостојноста на
информациите?
Колку долго ќе трае МаNGO Online?
Преглед на МаNGO Online
МаNGO Online е ваш сервис.
Доколку во последниве неколку години сте се почувствувале ограничени
по однос на можностите за соодветна презентација на визиите, целите
и постигнувањата на Вашата организација - ќе разберете зошто овој
сервис е од голема вредност.
Доколку во последниве неколку години Ви се случило да загубите
часови и часови обидувајќи се да го пронајдете телефонскиот број
или адресата на организација која неодложно сте сакале да ја контактирате
- ќе ја разберете неопходноста од овој сервис.
МаNGO ќе Ви нуди и други корисни услуги. Содржи еКалендар на претстојни
конференции, семинари, промоции на проекти и други настани во НВО
заедницата. МаNGO Online содржи страна за Вести каде што Вие можете
да внесувате натписи во кои ќе зборувате за развојот на НВО во Македонија.
Исто така, ќе можете да внесете информации за Нови Проекти, Нови
Публикации и Мислења и Анализи. МаNGO Online содржи и еБилтен сервис
кој ќе Ви овозможи да составите email Билтен и да имате пристап
до ажурна листа на Ваши претплатници.
Понатаму, МаNGO ќе Ви овозможи да ја вклучите Вашата НВО во нашиот
адресар на НВО. Се што треба да направите е да го пополните нашиот
Online прашалник. Откако Вашата НВО ќе биде вклучена во нашиот адресар,
Вие секогаш ќе може да се уверите дека другите ќе можат да најдат
точни и ажурирани информации за тоа каде сте и што правите. Нашиот
адресар ќе биде комплетно пребарлив и организиран на јасен и согледан
начин и ќе биде ажуриран веднаш штом ќе дознаеме дека во Вашата
организација има некакви промени.
Сите овие податоци, од еКалендарот до Именикот, ќе бидат организирани
и презентирни врз база на информациите за Вашите активности кои
ќе ни ги доставувате Вие. Сите овие услуги ќе бидат, се разбира,
бесплатни.
Со овозможување на бесплатен публицитет за настани и кампањи, МаNGO
Online ќе обезбеди брз, ефтин и ефектен начин за комуникација со
поширок круг на луѓе кои, инаку, тешко би ги добиле Вашите важни
информации.
МаNGO Online, на овој начин, со тек на времето ќе придонесе за
поголем увид и подлабоко разбирање за постоечката ситуација во Македонија.
За се што е направено и за се што треба да се направи.
МаNGO Online ќе биде средство за комуникација и соработка меѓу
организациите во Македонија, и меѓу организациите и фондациите заинтересирани
за Македонија.
Секако, на МаNGO Online ќе му биде потребна и Ваша поддршка. Колку
повеќе луѓе знаат за web сајтот - толку повеќе луѓе и ќе ја користат
и ќе учествуваат во нејзиниот континуиран развиток и усовршување,
и дотолку МаNGO Online ќе биде покорисен за секого во заедницата
на НВО во Македонија.
За возврат, нашата обврска кон Вас е едноставна. МаNGO Online е,
и ќе биде отворена, етичка, достапна и кооперативна за сите НВО
- големи и мали, регионални и национални, македонски и меѓународни.
Ќе работиме најдобро, за да Ви помогнеме и Вие да работите најдобро.
МаNGO Online е од и за сите НВО активни во Македонија.
Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија е горда што
е во можност да го финансира и усовршува МаNGO Online - сервис за
сите НВО.
Какви услуги обезбедува МаNGO Online во моментов?
- МаNGO Online Вести - кога Вашата организација започнува некој
проект или е вклучена во нешто интересно и посебно - кажете ни!
Ние ќе ја посветиме почетната страна на МаNGO Online на натписи,
интервјуа и прегледи на некои од многуте исклучителни остварувања
на организации или индивидуи околу Македонија.
- МаNGO Online еКалендар - ќе вклучува подетални податоци за НВО
настани кои ги организирате. Овој календар, се разбира лесно ќе
се пребарува и ќе може да се отпечати.
- МаNGO Online еБилтен - овој email Весник ќе се базира на информации
што Вие ќе ни ги обезбедите за Вашите активности. Весникот може
да вклучува: корисни web линкови, најави за настани што ќе се случуваат,
кампањи, проекти, публикации, семинари, конференции или било кои
други информации што ќе ни ги дадете за кои ќе се согласиме дека
ќе бидат корисни за НВО заедницата во Македонија.
- МаNGO Online во соработка со СОНЕТ вклучува излез до Freemail,
водечкиот бесплатен email сервис. Со ова, се надеваме да ги поттикнеме
новите корисници на Интернет да се запишат и да добијат пристап
до бесплатен email. Freemail е многу лесен и во 21от Век никој не
треба да биде без email.
Какви услуги ќе обезбедува МаNGO Online во иднина?
- МаNGO Online Адресар на Фондации, ќе вклучуваме детали како,
име на Фондацијата, област на подршка, линк до web сајтот на фондацијата
и на кој јазик е сајтот. Ќе Ви обезбедиме доволно информации што
ќе Ви овозможат да истражувате со надеж дека ќе пронајдете донатори
за Вашите проекти.
- МаNGO Online за НВО консултанти: МаNGO Online исто така ќе собира
и Online досиеа на НВО консултанти, од Македонија и надвор. Доколку
сте НВО консултант пополнете го нашиот Online формулар и пратете
ни го Вашето резиме и фотографија (добро, фотографијата не е задолжителна!)
и ние ќе ги прикажеме на нашиот web сајт.
- МаNGO Online Адресар на НВО, дали го добивте прашалникот по пошта?
Доколку го добивте пратете ни го назад бргу. Вашите прашалници ќе
ни овозможат да ја ставиме вашата НВО во адресарот. Доколку не сте
го добиле нашиот прашалник, не грижете се. Можете да го пополните
Online прашалникот! Или, доколку повеќе сакате можеме да Ви испратиме
email или да Ви го пратиме по пошта - само стапете во контакт со
МаNGO Online.
- МаNGO Online Адресар на Медии ќе овозможи контакт детали за весници,
телевизии и радио станици во Македонија. МаNGO Online ја смета за
приоритет подршката за поголем степен на комуникација помеѓу невладините
организации и Медиумскиот сектор, особено во регионалните области
на Македонија. Доколку сте медиска организација пополнете го Online
формуларот за Медии за да се регистрирате.
Зошто МаNGO Online се организира како web сервис?
Да, сосема сме свесни за фактот дека многу малку организации имаат
директен пристап на интернет и сериозно размислувавме да го отпечатиме
адресарот.
Сепак, ние во МаNGO Online цврсто веруваме дека Интернетот нуди
многу повеќе можности и многу повеќе флексибилност, па web сајтот
беше единствена сериозна опција за овој сервис.
На пример, сите знаеме колку бргу информациите на невладините организации
се менуваат во Македонија. Организациите се селат, се менува персоналот,
телефонските броеви, се отпочнуваат нови проекти толку бргу што
дури и полугодишна публикација би била застарена уште пред да излезе
од печат! Не споменувајќи дека, и покрај најдобрите намери на издавачите,
ниедна публикација не може да се отпечати во доволен тираж кој ќе
осигура дека на секој кој му е потребна копија и ќе ја добие.
Како и да е, и покрај сите предности кои ги има web сајтот, не
можеме да го занемариме прашањето на Вашиот пристап на интернет.
МаNGO Online е од и за сите НВО - еднаквоста и достапноста се важни
прашања особено во поглед на се поразвиениот информативно-технолошки
сектор.
Размислувавме и на оваа тема и разгледувавме повеќе опции, и конечно
одлучивме дека единствено можно решение е да создадеме МаNGO Online
адресар кој ќе може да се симне (download), и отпечати со помош
на Adobe Acrobat. (За поблиски информации посетете го нивниот web
сајт на: www.Adobe.com/products/acrobat/main.html).
Значи, без грижа - дури и да немате секојдневен пристап на МаNGO
Online, со повремена посета на локалното Интернет кафе секогаш ќе
можете да симнете(download) и отпечатите најнова и најпрецизна Acrobat
верзија на МаNGO Online адресарот.
Како МаNGO Online ќе ја обезбеди веродостојноста на информациите?
Вашата организација започнува нов проект, менува адреса и телефонски
број, или пак го менува фокусот на интересирање...Како МаNGO Online
ќе ги дознае овие информации?
Едноставно. Доколку има некакви промени во Вашата организација
кои што се релевантни на информациите што МаNGO Online ги нуди -
можете да ни се јавите, да ни пратите email, или да ни ги испратите
по пошта информациите кои сакате да ги промените. Ние веднаш ќе
ја направиме промената на Вашата web страна. Дополнително, на МаNGO
Online ќе вклучиме и формулар за додавки и промени, преку кој многу
лесно ќе можете да ги промените Вашите детали.
Дополнително, одвреме - навреме, ќе ви се јавиме, ќе ви пратиме
писмо или email за да провериме дали Вашите информации се ажурни
и точни.
Колку долго ќе трае МаNGO Online?
МаNGO Online ќе се креира во текот на следниве шест месеци, а обезбедени
се средства за нејзино базично финансирање во текот на идните три
години.
Ова значи дека не мора да се грижите дека МаNGO Online одеднаш
ќе исчезне. Во следните најмалку три години ќе бидеме присутни на
интернет (Доколку вие сте една од малкуте организации кои веќе имаат
свој web сајт - ние ќе имаме линк кон вашиот сајт).
МаNGO Online е исто толку Ваш колку и наш web сајт. МаNGO Online
ќе напредува, ќе се развива и ќе се подобрува. Доколку сметате дека
некој сегмент од web сајтот би можел да се подобри или усоврши,
или дека некој друг тип на услуга би требало да се додаде… само
кажете ни, а ние ќе се потрудиме тоа и да го оствариме.
МаNGO Online нема никогаш да биде дефинитивен и комплетен - постојано
ќе се стремиме кон најдоброто со цел да ја промовираме, унапредиме
и да ја помогнеме вашата НВО во нејзината мисија.
МаNGO Online е од и за сите НВО активни во Македонија. МаNGO Online
е за Вашата НВО.
Ако не одговоривме на некое од вашите прашања или доколку би сакале
да знаете повеќе за МаNGO Online ве молиме контактирајте не на webdesk@mango.org.mk
или само пополнете го Вашиот коментар.
Горе
|