Во рамки на проектот “Граѓанска платформа за мир и стабилност”, во периодот од 02.06.2004 до 09.06.2004, беше спроведена анкета во неколку градови во Република Македонија.
Целта на анкетата, беше да се идентификуваат очекувањата и приоритетите на граѓаните по следниве две прашања: “Што очекувате од новиот претседател на Република Македонија” и “Што очекувате од новата Влада”.
Граѓаните имаа можност своите очекувања да ги искажат на проектната веб страна, но слабата посетеност ја отвори потребата од спроведување на анкета во неколку градови во Република Македонија.
Примерокот не е репрзентативен и не ги отсликува ставовите на граѓаните на национално ниво. Прашањата се од отворен тип за слободен одговор на граѓаните а на нив одговор дадоа лица од различна возраст, пол, националност и образование.